„ВЕ-ГО-ЕЛ“ ГИ ДАРУВАШЕ НАВИВАЧИТЕ
2012-01-21
Неполн час пред почетокот на ракометниот натпревар „Македонија“ – „Данска“ групите навивачи кои се постојаниот декор во кафулињата во Градскиот Трговски Центар во Кочани, мошне пријатно беа изненадени од сопствениците на продавницата за играчки и домаќинство „ВЕ-ГО-ЕЛ“, сместена во „Шопинг Центарот“ во Кочани.
Имено „ВЕ-ГО-ЕЛ“ им подари триесетина вувузели и труби за создавање на што побучна атмосфера за времето на натпреварот.
Ваквиот потег навивачите сместени во „Меџик“, „Класик“ и „Синема“ го поздравија со воодушевување, на донаторите им се заблагодарија а атмосферата што ја создаваа за време на натпреварот не може да се опише таа може само да се доживее.
С. Ивановски
![]() |
![]() |
![]() |














