Ниските температури и заледените улици и тротоари се причината што голем број на жители на Кочани побарале лекарска помош на ортопедското одделение во Општа Болница – Кочани.

Триесет жители на Кочани на возраст од 60 до 70 години во периодот од 01 до 09 јануари, се здобиле со скршеници на екстремитетите и колковите.

Лекарите препорачуваат и понатака да не се излегува од домовите доколку за тоа се нема потреба, да се носи топла облека и да се конзумираат топли пијалаци.

Според најавите вакво студено време ќе имаме и во наредните два дена за да од среда и четврток почне постапено покачување на живата во термометрите.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари