Расте бројот на заболени од грип на просторот што го покрива ЈЗУ Центар за Јавно Здравје – Кочани.

Бројката на заболени од грип само за една седмица во Кочани се зголеми двојно.

Според информациите добиени од ЈЗУ Центар за Јавно Здравје – Кочани, до втората седмица од новата година регистрирани се вкупно 576 лица заболени од грип. Најмногу се во Кочани 331, па следуваат Виница 137, Делчево 71, Пехчево 23 и Берово 14.

Лекарите и понатака препорачуваат да не се излегува без потреба од дома, особено ова важи за повозрасните и хронично болните лица, да се избегнуваат контакти со лица веќе заболени од грип, да се избегнува затворен простор на кој има масовно собирање и да се конзумира што повеќе витаминска храна

С. Ивановски.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари