Вчерашната наша објава која ни беше испратена од Локалната самоуправа „Сопствениците треба да го исчистат снегот пред своите објекти“ предизвика голем број на коментари, во кои читателите укажуваат на една појава која со години се провлекува а е во надлежност токму на Локалната самоуправа.

Според она што ни беше како коментар оставено голем број од сопствениците на објектите подвлекуваат дека тие редовно го чистат снегот пред нивните објекти за да нивните муштерии бидат сигурни кога ќе влезат и кога ќе излезат од објектот, но што е со другиот дел, со тротоарите, скалите па и другите приоди.

DSCN1754

Денес излеговме да направиме неколку фотографии во Градскиот Трговски Центар на местата кои ни беа посочени од нашите читатели. Ниту едни од скалите не се исчистени, истите се покриени со дебел слој на лед  и претставуваат голема опасност за минувачите.

Ако Локалната самоуправа секој први ги пушта своите „данокчии“ да врачуваат Решенија за наплата на користење на јавна прометна површина од локалите и другите објекти, треба час поскоро да се организира и тие да ги исчисти и скалите и платформата која е покриена со мермер и е голема опасност за минувачите.

DSCN1753

Дека тоа си е работа на Локалната самоуправа е факт, но заканите со наплата на глоба на оној кој не си го исчистил снегот пред објектот не држат, бидејќи според она што се случува конкретно во Градскиот Трговски Центар глоба на сопствениците на објектите во овој случај ќе треба да им плати ним Локалната самоуправа затоа што не го исчистила снегот наоколу па нивните муштерии не се ни обидуваат да ги посетат нивните објекти.

Многу е лошо кога ќе те изненади снег од неколку сантиметри и тоа во месец Јануари а ти претходно си најавил дека си спремен да се справиш со предизвикот што доаѓа.

Лошо е, навистина многу е лошо.

С. Ивановски

DSCN1757

DSCN1759

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари