УЧЕНИЦИТЕ ОД III-Е3 ПРИ СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ ЕДНО ОД ПЕТТЕ НАГРАДЕНИ ЗА УСПЕШНО ЗАВРШЕНИОТ ПРОЕКТ

март 10, 2023
1 минути

Под менторство на професор Кристина Јанева учениците од IIIе3 клас се едни од петте наградени за успешно завршениот проект. Имено, тие направија пренослив уред со сензори за детекција на метали во отпадни води кои ја загадуваат почвата.

Уредите ќе бидат поставени на три локации во Кочани и ќе бидат поврзани со мобилни апликации изработени од учениците.

Инаку учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ беа едни од десетте финалисти кои три дена во склоп на UPSHIFT Bootcamp-от активно работеа на развојот на иновативни решенија поврзани со намалување на загаденоста на почвата во Македонија.

Од десетте финалисти, учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ се едни од петте што ја добија наградата во висина од 120.000 денари.

Учениците од IIIе3 заедно со војот ментор уште еднаш покажаа за квалитетот на наставниот кадара и на учениците од ова средно училиште од Кочани.

Честитки за остварениот резултат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ