Првиот натпревар од Светското првенство во Ракомет што вчера започна во Франција донесе многу радост за Македонската репрезентација и нејзините стотина навивачи во Мец Арената.

Совладан е стариот должник Тунис со 34:30 (13:14) и е отворен патот во доигрувањето.

На победата и се израдуваа сите а нам посебно задоволство ни причинува што на трибините во Мец Арената се најдоа и пет наши сограѓани, постојани навивачи на нашите репрезентации на големите натпревари.

Кога на петте величествени кочанчани им се придружи и Даниел Цонев, наш сограѓанин што живее во Швајцарија јасна е работата дека во победата на нашата репрезентација полн допринос дадоа и нашите сограѓани.

Само напред и во нови победи.

Убаво е да се живее во ист град со Вас.

С. Ивановски

11

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари