Наш читател ни испрати две фотографии и информација дека од вчера (Среда) на улицата „Климент Охридски“ во населбата „Усова чешма“ има паднато бандера сопственост на „ЕВН“ но нема кој да ја тргне а истата претставува опасност за минувачите.

Како што не информираат, жителите на оваа илица и пред неколку месеци побарале оваа бандера да биде сменета но од „ЕВН“ не сакале да ги слушаат па само им одговориле дека истата ќе биде сменета кога ќе дојде време за тоа.

Сега е времето бандерата да биде отстранета бидејќи со каблите стои во снегот и е опасност за сите што ќе се најдат во нејзина непосредна близина.

„ЕВН“, време е да поработите и за заштита на оние од кои земате плати.

С. Ивановски

16111298_1274166802648550_866249893_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари