И покрај големиот број на понуди во зимскиот преоден рок да ја смени средината, сепак по разговорот со членот на управата на „Осогово“ Атанас Кушевски, еден од најдобрите играчи на „Осогово“ Ефтим Аксентиев реши да остане во клубот и со своите игри да му помогне во освојувањето на едно од местата кои водат во една од Вторите Фудбалски Лиги.

Токму несогласувањата со одреден дел од членовите на УО на „Осогово“ беа причина Аксентиев да не настапува во есенскиот дел од првенството што врз играта на  „жетварите“ се одрази мошне негативно. Мислење е дека со Аксентиев, „Осогово“ сега ќе имаше 5-6 бодови повеќе на своето конто и ќе беше во равноправна положба со „Беласица“ и „Плачковица“.  Но што е тука е. Кој работи, тој и греши.

Инаку за услугите на Аксентиев освен голем број од третолигашите аспиранти за највисок пласман имаше понуди и од некои второлигашки клубови, но тој сепак реши да остане во неговиот матичен клуб.

Колку доби „Осогово“ со враќањето на Ефтим Аксентиев ќе се види по резултатите во пролетниот дел од првенството.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари