Како што дознаваме ниските температури што ја зафатија општината предизвикале хаварија на водоводните цевки и на радијаторите за парно греење во СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани.

Веќе јавна тајна е дека голем број од радијаторите се оштетени како и цевките за парно греење и за водовод. Сите знаат, но и сите молчат, зошто? Само тие го знаат одговорот.

Инаку дознаваме дека деновиве се врши санација на оштетените цевки и радијатори за да се биде во најдобар ред со почетокот на второто полугодие во оваа учебна година. На рака на изведувачите на работите им оди и податокот што почетокот на учебната година е поместен за 23. Јануари, што значи дека се добиваат дополнителни денови за да се санира штетата и да учениците на почетокот на второто полугодие повторно учат во затоплени простории.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари