Дозволете најпрвин да се заблагодарам на над 455.000 граѓани кои ја дадоа својата поддршка на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември.

Овде секако свој придонес дадоа и граѓаните на општина Кочани, кои и на овие избори дадоа поддршка за програма и проекти кои се реални, остварливи и со кои ќе се подобрат условите за живот на сите граѓани на општината.

Еден од таквите капитални проекти е изградбата на браната на Оризарска Река со придружни објекти и акумулација.

Веќе е склучен договор и е во фаза на завршеток пристапниот пат кој е во вредност од 3.000.000 евра. Целокупната вредност на целиот проект е проценета на околу 33.000.000 евра и неговата реализација продолжува и во периодот кој следи. Со изградбата на оваа брана трајно ќе се реши водоснабдувањето во општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево, како и ќе се овозможи наводнување на нови 1.500 ха земјоделско земјиште во рамките на ХМС Брегалница.

Друг многу значаен проект и за општината, но и за целиот регион е изградбата на експресниот пат Кочани – Штип.

Ова ќе претставува едно современо патно решение, во должина од 28 км. и ширина на патот од 12 метри, со кое граѓаните на општината, но и на целиот регион ќе се поврзат со централниот дел на државата, нешто кое уште повеќе ќе дојде до израз со изградбата на автопатот Миладиновци – Штип.

Патот ќе се гради во две фази и тоа:

1 фаза Штип – Крупиште

2 фаза Крупиште – Кочани

Во декември изминатата година е потпишан договор за изградба на првата фаза во должина од 14,3 км., изведувачи ќе бидат фирмите „Гранит“ и „Бетон“, а работите се очекува да започнат со почетокот на градежната сезона.

Вредноста на овој проект е околу 45.000.000 евра.

Како и досега, така и во периодот кој следи пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе даде силна поддршка за вакви и слични проекти, со цел да го исполниме она што сме го ветиле во нашата предизборна програма, ќе даде поддршка за проекти со кои се решаваат проблемите и со кои се подобрува квалитетот и условите за живот на граѓаните, ќе даде поддршка за проекти со кои Македонија ќе оди напред.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари