Самобор (Хрватска) беше домаќин по 26-ти пат на големиот Меѓународен карате турнир „Кроација Гран При“ на кој годинава учествуваа 2.098 натпреварувачи од 27 држави и 241 карате клуб од целиот свет.

Токму поради големата масовност овој карате турнир се смета за еден од најголемите во светот на кој најспремните доаѓаат до медали.

На годинешниот турнир Карате Клубот „Партизан“ од Кочани учествуваше со 5 (пет) натпреварувачи кои на крајот се закитија со еден сребрен и еден бронзен медал.

Роберто Здравковски во категоријата „помлади кадети“ до 48 килограми го освои сребрениот медал а додека во истата категорија неговиот колега од истиот клуб Ѓорѓи Петров стигна до бронзениот медал.

Мартин Стоименов настапи во категоријата „У-21“ до 60 килограми и го освои 5-тото место, а додека без пласман останаа Благоја Тасески и Кристијан Грозданов.

Добар почеток на новата година за каратистите на „Партизан“, закитен со нови медали но и обврска за уште поголеми остварувања во тековната година.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари