Општина Кочани го потпиша договорот за изградбата на пречистителната станица, последниот од Проектот за третман на отпадни води што се реализира помеѓу владите на Македонија и на Швајцарија.

„Првиот дел од проектот се состоеше во изработка на проекти и изградба на колекторот за што тендерската постапка заврши и работите на терен почнаа да се извршуваат пред Нова година. Со денешното потпишување продолжуваат работите околу изработката на техничката документација којашто се очекува да заврши до јуни оваа година, а при крајот на 2017 да отпочнат и работите на терен, соопшти градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

DSCN8543

Целокупниот проект е во вредност од 23.000.000 швајцарски франци од кои 21.000.000 обезбедува Швајцарската Конфедерација, остатокот Владата на Република Македонија и околу 300.000 евра обезбедуваат Општина Кочани и КЈП „Водовод“.

Се очекува работите да завршат до крајот на 2018 година. На пречистителната станица ќе работи германска фирма избрана како најповолна од страна на швајцарскиот консултант СЕКО.

DSCN8544

DSCN8510

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари