Петта година по ред, традиционално и оваа година се организира хуманитарниот концерт „По патеките на Тоше“. Истиот го организира кочанчанецот Тоше Илиев во чест на музичката ѕвезда Тоше Проески.

Кочанчани секоја година со нетрпение го очекуваат овој голем хуманитарен настан, во кој од година во година се приклучуваат сè повеќе познати личности, со цел да да се помогне онаму каде што е потребно.

Оваа година концертот ќе се одржи на ден 25.01.2017 година, со почеток од 20:00 часот во спортската сала кај кочанската гимназија. Ќе настапат познати музички имиња од Кочани и пошироко. Станува збор за музичките имиња Оливер Стаменков,

Дејвид Стојков, Дарко Таневски, Славица Стојанова. За музичките групи „А-Позитив“, „Кирилична поддршка“, „Инкогнито“, „Шекспир“, а како специјален гостин ќе настапи музичката ѕвезда Тајзи кој несебично прифати да се приклучи кон оваа организација.

Оваа година собраните парични средства ќе бидат наменети за кочанчанецот Методи Митев, за неговата операција во Кина. Годинава влезницата на концертот ќе биде симболична сума од 100,00 денари.

1111

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари