Согласно Договорот што го постигнаа партиите при извлекувањето на редните броеви за лепење на плакати во пресрет на предвремените Парламентарни избори, денес членови на УМС на ВНРО ДПМНЕ од Кочани заедно со Претседателот на партијата и други повозрасни членови почнаа со отстранување на плакатите.

Како што сме информирани денес сосема се исчистени остатоците од плакатите кои беа залепени на потпорниот ѕид на улицата „Димитар Влахов“ на излезот од Кочани, како и дел од оние кои се наоѓаат на потпорниот ѕид кај „Атомските згради“.

Најавено е дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови каде ќе биде отстрането сето она што остана како дел од плакатите кои беа залепени на места дозволени за ваква употреба.

С. Ивановски

 

16121942_10208490472674882_1440769276_o

16145270_10208490472154869_476398969_o

16129946_10208490471874862_1741640001_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари