Драган Шеќероски – тренер на Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани во присуство на проф. Вера Шеќероска – Претседател на клубот, за време на викендот присуствуваа на семинар за судии и тренери кој се одржа во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

На семинарот кој го водеше Габриел Сапта ИЏФ тренер по џудо беа презентирани најновите правила во овој спорт.

Токму за таа цел од ЏК „Гладијатор“ од Кочани информираат дека со започнувањето на тренинзите за новата сезона тие за љубителите на џудото ќе организираат предавање на кое истите ќе бидат запознаени со измените и новите правила кои беа изнесени на неодамнешниот семинар во Кавадарци.

С. Ивановски

16114335_701762049982771_6356838230825067412_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари