ЕДНО ПРВО И ТРИ ТРЕТИ МЕСТА ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА ПИОНЕРИ И ПИОНЕРКИ У-15

Во Спорт
март 18, 2023
1 минути

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани, денес во „градот на оризот“ се одржа Државното првенство во борење слободен стил за пионери и пионерки У-15.

На првенството се појавија 130 борачи во машка и женска конкуренција, родени 2008 и 2009 година регистриран  со право на настап во 2023 година од 15 клубови од Македонија (Спартак, Балканец, Бучим, Бучим Шампиони, Киро Ристов, 8-ми мај, Шкупи, Студеничани, Лирија, Вардар 1961, Тефејуз, Неготино, Борац, Чаир и Пума).

Екипата на „Спартак“ на турнирот учествуваше со 13 борачи кои на крајот освоија едно прво и три трети места.

Даријан Павлев во категоријата до 57 килограми го освои првото место и се закити со титулата Државен првак на Македонија за пионери – У-15.

Славица Митева – пионерки до 46 килограми, Јован Илијев – пионери до 44 килограми и Филип Ангелов – пионери до 68 килограми се искачија на третото место на пиедесталот.

Останатите 8 натпреварувачи на Спартак (Стојана Митева, Андреј Соколов, Илија Иванов, Џанер Абдулов, Хрисијан Илијев, Едис Билалов, Стојанче Андонов, Кристијан Постолов и Павел Темелков) иако имаа забележителен настап сепак останаа без пласман.

По подолго време еден боречки настан помина со мошне добра посетеност што е знак дека полека но сигурно БК „Спартак“ се враќа на старите патеки.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ