На денешната прес конференција на Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски на која тој имаше обраќање за бесправно изградените објекти во Општина Кочани беше поставено и прашањето околу со селективното отстранување на бесправно поставените прегради по кафулињата во Градскиот Трговски Центар.

Димитровски во својата изјава беше мошне јасен дека сето она што е поставено по кафулињата и на катот а се коси со „Законот за угостителска дејност“ треба да биде отстрането.

Сепак Градоначалникот не се доискажа до крај кога ќе биде се во целост реализирано, бидејќи иако некои угостителски објекти почитувајќи го законот уште пред една седмица ги отстранија преградите, други уште ја немаат започнато истата процедурата што остава сомнеж токму кај нивните колеги угостители кои деновиве и ни испратија информации за селективноста во почитувањето на овој закон.

Што и како ќе биде понатака тоа ќе треба да си го решат угостителите и одговорните во Локалната самоуправа, додека нашата задача е будно да ги следиме настаните и да ја информираме јавноста.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари