ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ТППЕ КОЧАНИ И ЗА ЗА ДОБРОВОЛЦИТЕ ОД ДПД КОЧАНИ

март 19, 2023
1 минути

Недозреаноста на голем број поединци се причината и денес за време на викендот пожарникарите од ТППЕ – Кочани и доброволците од ДПД – Кочани да имаат полни раце работа.

Имено како што дознаваме до ТППЕ – Кочани стигнала дојава за запалени стрништа во Грдовци и Зрновци. И додека се интервенирало ветерот да не го прошири пожарот стигнала нова дојава за запалена куќа на улицата „Јане Сандански“ во непосредна близина на СРЦ „Бавчалук“. За де изгасне пожарот интервенирано е со 3 возила, 4 пожарникари и 8 доброволци од ДПД – Кочани.

За да иронијата биде поголема  стигната е дојава за пожар во непосредна близина на „Градските гробишта“ во Кочаникаде гореле стари венци, ѓубре и друг отпад.

Од ТППЕ – Кочани по кој знае кој пат апелираат до земјоделците да не ги палат стрништата бидејќи ветерот што ненадејно се појавува може да предизвика поголеми несакани последици.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ