НК-КР Кочани до ОЈО поднесе кривична пријава против 14 (четиринаесет) лица на возраст помеѓу 18 и 40 години сите од Битола поради постоење основно сомнение дека истите како соизвршители извршиле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“, додека првопријавениот извршил кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 23.10 2016 година околу 16:40 часот по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Пелистер“ од Битола одигран на Градскиот стадион во Кочани, при заминување на навивачката група „Чкембари“ од Битола со автобус, после изминати околу 100 метри, автобусот застанал, при што од истиот излегле горе пријавените лица и како учесници во толпа ги спречиле полициските службеници од ПС Кочани и ПС Битола во извршување на службеното дејствие – спречување на нарушување на јавен ред и мир, кои пријавените сакале да го нарушат односно физички да се пресметаат со навивачите на ФК „Брегалница“ и со други посетители на фудбалскиот натпревар.

Истиот ден околу 17:00 часот во близина на Градскиот стадион во Кочани при вршење на служба од областа на безбедноста – обезбедување на спортски натпревар, по завршување на фудбалскиот натпревар , прво пријавениот со полициска палка го удрил во пределот на главата полицискиот службеник и му нанел телесна повреда.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари