Во Недела во организација на Фудбалската Академија „Младост Тошев“ од Оризари во Спортската сала на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ ќе се одржи вториот по ред Фудбалски турнир „Св. Атанасиј Велики“.

На годинешниот турнир освен домаќинот „Младост Тошев“, ќе земаат учество и Академија „Постолов – Пандев“ (Штип), „Фудбал Стар“ (Кочани), „Слога 1934“ (Виница) и „Јанг Бојс“ (Неготино), а екипите ќе настапат во категориите 2006, 2007 и 2008 година.

Турнирот започнува во 10:00 часот, а за во 18:00 часот е предвидено доделувањето  награди за најуспешните.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари