Вчерашното известување од страна на „Одделението за јавни дејности“ при Општина Кочани дека годинешниот „Избор на спортист на годината 2016“ комплетно ќе се одржи во Понеделник остава простор за размислување.

Како што пишува во известувањето истиот ден во 11:00 часот ќе заседава комисијата и истиот ден во 19:00 часот во „Але-Дар“ ќе биде свеченоста на прогласувањето.

И овде ништо не би било спорно доколку некој се запрашал каде се во целата оваа настаната состојба младите спортисти, кои утредента треба да бидат во училишните клупи или пак оние кои учат во други општини поради краткиот временски рок нема да можат да присуствуваат на свечениот чин за нив доколку влезат во самиот избор.

Инаку на самата свеченост ќе биде промовирана и книгата „Гимнастиката во Кочани“ од авторите Ѓорги Тодосиев и Илинка Атанасова, а промотор ќе биде спортскиот новинар Миодраг Мицковиќ.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари