Во Дневните билтени на МВР денес немаше ништо запишано за опожареното „Ауди 6“ во Кочани поради како што истакнуваат од СВР по консултации со ОЈО – Кочани не е извршено кривично дело кое се гони по службена должност, па согласно тоа за нив нема случај и нема да поднесат пријава.

Имено, во вторникот спрема средата н паркиралиштето спроти угостителскиот објект на стадионот „Никола Мантов“ бил предизвикан пожар кај ПМВ „Ауди 6“. Веднаш (01:32 часот) ТППЕ – Кочани била информирана за пожарот и за само неколку минути дежурното одделение стигнало на самото место.

„Интервениравме веднаш откако дојдовме. Пожарот веќе делумно беше изгаснат од лица кои имале во нивна близина против пожарни апарати па со нашата интервенција само целосно се елиминираше пожарот“ изјави Горан Ѓоргиев – Гане, Командир на одделението во ТППЕ – Кочани.

Инаку возилото „Ауди 6“  е со кочански регистарски таблички а е сопственост на лице од село Тркање, кое смета дека пожарот е подметнат од негов соселанец поради претходни нивни меѓусебни расправии.

Низ градот веќе два дена кружат разни приказни, повеќето од политичка природа, но за сето ова конечен одговор треба сепак да дадат надлежните институции.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари