Ги покануваме експертите од локалните, националните и регионалните власти, образовни институции, невладини организации и други активни во општествените, економските и спортските прашања на дводневниот настан „Со соработка до повеќе спорт во Кочани”.
Програма
Локалните спортски чинители од регионот Кочани ќе се сретнат, разговараат и заеднички дискутираат идеи и методи за решавање на локалните прашања и зајакнување на локалната заедница преку спортот.
Место и датум
Дводневниот настан ќе се одржи в четврток на 02 Февруари, 2017 година 12:30 – 16:45, и во петок на 03 Февруари 2017 12:30 – 15:30 во Ресторан „Амор“.

Агенда
Четврток, 02.02.2017
12:30 – 12:50 Регистрација на учесници
12:50 – 13:10 Претставување на СВТ Скопје
Запознавање на учесниците со проектот „Спорт за Сите”
13:10 – 13:30 Претставување на партнерите на проектот
13:30 – 14:00 Запознавање на учесниците на тркалезната маса
14:00 – 14:30 Кафе Пауза
14:30 – 15:30 Дискусија – Како да ги вклучиме луѓето од нашата заедница во спортот? Како до повеќе спорт во Кочани?
15:30 – 15:45 Заклучок од дискусијата и првиот ден
15:45 – 16:45 Неформален коктел – вмрежување
Петок, 03.02.2017
12:30 – 13:00 Идеи за спортски иницијативи
13:00 – 13:30 Формирање групи за спроведување локални спортски иницијативи
13:30 – 14:00 Отворена сесија = по потреба и предлог на учесниците
14:00-14:30 Кафе Пауза
14.30 – 15:00 Презентација на идеите за спортски иницијативи
15:00 – 15:30 Церемонија за доделување на сертификати
Информации за проектот
Овој настан е еден дел од Еразмус + спорт проектот “Sport for all – Спорт за сите” кој е реализиран со 10 организации од 8 земји. Главната цел на оваа активност е да се подигне свеста на јавните институции за спорт и физичките активности како ефикасен инструмент за подобрување на социјалниот капитал на ЕУ.

Настанот е бесплатен. Пријавувањето е задолжително со краен рок за пријавување до 23:59 на 31 јануари, 2017 година.

Лица за контакт : Стојан Рашков 070-845-132  и  Венко Крстевски 078-412-415.

Придружете ни се во зајакнувањето на спортот во Кочани.
Со почит, здружение СВТ Скопје (SWTA)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари