Пожарот кој од електричните броила изби претпоследниот ден од минатата година во влезот 2 во ламела „А“ во Градскиот Трговски центар во Кочани покажа низа недоречености.

Вештото лице констатира дека од три електронски броила избил пожарот, броила кои немаат никаква допирна точка со станарите во влезот, туку сите се на кафулиња и на дуќани кои се далеку од истиот влез. Која како и кога без одобрение на „Куќниот Совет“ ги приклучил овие броила останува мистерија.

Иронијата да биде поголема сега влезот нема осветлување во ходникот кое го имаше за сите овие 37 години, што повлекува нови сомнежи дека можеби некој бил и приклучен и на заедничкото броило.

Станарите видно исплашени бидејќи ова е веќе трет пат како се повторува истата работа веќе на 07.01.2017 година испратија Барање до „ЕВН“ – Кочани во кој беа опфатени одлуките донесени на состанокот на „Куќниот Совет“, а тоа е да се реши еднаш за секогаш проблемот со кафулињата и дуќаните чија електрична инсталација е приклучена во влезот број 2 во ламела „А“. Електричните броил кои не се во сопственост на станарите да се дислоцираат на некое друго место.

DSCN1621

Иако барањето е испратено пред три седмици од „ЕВН“ – Кочани нема никаков одговор. Станарите се решени овој пат за да си ги заштитат животите да одат до крај. Доколку „ЕВН“ – Кочани не постапи согласно барањето по предвидениот рок правдата станарите ќе ја бараат преку судовите

Воедно „Куќниот Совет“, на состанокот што се одржа веднаш по избувнувањето на пожарот изрази голема благодарност до екипата од вработени во „ЕВН“ – Кочани кои на 30 и 31 Декември работеа преку целиот ден и до доцните часови се со цел станарите да имаат електрична енергија за Новогодишните празници.

С. Ивановски

DSCN8448

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари