Во салата за состаноци на Локалната самоуправа – Кочани денес беа избрани најуспешните во Кочани во полето на спортот за сега изминатата 2016 година.

Во категоријата „Најуспешен спортист“ беа номинирани девет спортисти а епитетот најуспешен по петти пат едноподруго го понесе членот на Карате Клубот „Партизан“ Мартин Стојменов кој за само еден поен беше подобар од неговиот клупски колега Роберто Здравковски.  На третата позиција е гимнастичарката Јана Николова, а четвртопласирана е тенисерката на „Акватен“ Даниела Колева. Според добиените бодови понатаму следуваат: Стојан Атанасов (КГС Кочани), Верица Георгиева (ЖФК Кочани), Александар Алексов (ЏК „Гладијатор), Кристијан Блажев (ФК Осогово), Александар Тодосиев (Баскет Дино).

Во категоријата „Млади Надежни спортисти“ беа предложени 22 кандидати а според бодовите редоследот е следниот: Горги Петров (КК Партизан), Антонио Јаноѓевиќ (КГС Кочани), Љубомир Давитков (КК Кочани), Кристијан Грозданов (КК Партизан), Ристе Симеонов (КГС Кочани), Дино Лазаров (Баскет Дино), Ивана Таушанова (КК Партизан), Грегори Давков (ФК Фудбал Старс), Мартина Шахинова (КК Партизан), Ангел Митев (КК Партизан).

Најуспешен клуб е Карате Клубот „Партизан“, а најуспешен тренер Оливер Коцев (КК Партизан)

Тошо Антов (ПСД Осогово) и Борис Поп Горгиев и Лоранс марков (и двајцата од ПСД Москито) ќе го добијат признанието „Спортска личност на годината). Лазар Балдазаров добива признание за 50 години активност во фудбалот а Ѓорги Тодосиев за развој на гимнастиката како и еден од авторите на книгата „Гимнастиката во Кочани“ која на свеченоста ќе биде промовирана.

Изборот го направија претставници на медиумите: ТВ „канал 8“, ТВ „Кочани“, Радио Кочани, Портал комарец, Канал плус и МИА, како и претставник на Сојузот на спортови – Кочани.

С. Ивановски

unnamed-(3)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари