Во ресторан „Але-Дар“ во Кочани вечерва се одржа свеченоста на која беа прогласени најуспешните на полето на спортот во изминатата 2016 година.

Според гласовите на претставниците на медиумите и на претставникот на Сојузот на спортови – Кочани сите титули ги ожнеаја каратистите на „Партизан“.

Нивниот тренер Оливер Коцев е прогласен за најуспешен во 2016 година, исто како екипата. Кај младите надежи првото место го освои Ѓорги Петров а кај сениорите Мартин Стојменов.

Беа доделени признанија на Ѓорги Тодосиев за придонес во развојот на гимнастиката и на Лазар Балдазаров за 50 години непрекинато учество во фудбалот, како и на Борис Поп Горгиев, Лоранс Марков и Тошо Антов за „спортски личности на годината“.

И годинава организаторите не ги заборавија новинарите, на сите претставници од медиумите им беа доделени признанија за известувањето во спортот.

С. Ивановски

12

13

14

15

16

17

18

19

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари