Вечерва во присуство на спортистите и спортските работници на Кочани како и останатите гости, за време на манифестацијата „Избор на спортист за 2016“ беше промовирана книгата „Гимнастиката во Кочани“ од авторите Ѓорги Тодосиев и Илинка Атанасова.

Во книгата е опфатен целосниот развој на гимнастиката во Кочани, поточно периодот од 1910 до 2016 година, а во истата авторите се потрудиле да ги внесат сите поважни податоци за најстариот спорт во градот.

Во 168-те печатени страници кои изобилуваат со голем број на фотографии љубителите на спортот како и останатите читатели ќе имаат една убава можност да се стекнат со поголеми сознанија за спортот кој во Кочани постои повеќе од еден век.

Промотор на книгата беше познатиот спортски новинар Миодраг Мицковиќ.

С. Ивановски

kniga

DSCN8831

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари