Во присуство на неколку спортски работници, некогашни спортисти и неколку заинтересирани граѓани како и половината од медиумите во општината денес во прекрасниот ресторан „Амор“ беше претставен  Проектот „Спорт за сите“ поточно се одржа округла маса, за како што беше наречена  „За паметна соработка во спортот“.

Организаторот СВТ (SWT) престојот во Кочани го искористи да се дебатира токму за спортот во Кочани или како што ја нарекоа темата „Како да ги вклучиме луѓето од нашата заедница во спортот? Како до повеќе спорт во Кочани?“

Иако овој проект од претходно беше најавен преку медиумите, а дел од организаторите и лично им доставија покани на оние кои работат во спортот, за жал на средбата единствено од тренерскиот актив беше присутен Сашо Лазаров од „Баскет Дино“, Благој Петров од наставниците и професорите по физичко воспитување и Тоше Манев од бизнис секторот.

Дискусиите беа доста интересни и сите водеа кон тоа да се изнајде најдобриот начин за да спортот во Кочани повторно заживее, односно да се врати ако не во целост барем во еден поголем дел од времето кога Кочани важеше за спортски град во Македонија.

Организаторите со одржувањето на овој проект во Кочани сакаа единствено да им помогнат на спортистите а воедно и на љубителите на спортот во „градот на оризот“, но за жал ги немаше токму оние кои со години профитираат на различни начини од спортот.

Каде беа тренерите од приватните школи и од клубовите, каде беа професорите по физичко воспитување, каде беа самонаречените спортски работници кои освен функциите и хонорарите спортот воопшто како да не ги интересира.

Некој сакаше да му помогне на спортски заспаното Кочани, но оние кои треба да го заживеат по се изгледа денес длабоко спиеја.

С. Ивановски

DSCN9011

DSCN9091

DSCN9094

DSCN9076

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари