Со враќањето на Александар Павлев и Иван Викиќ од БК „Вардар“ во матичниот клуб БК „Спартак“ почна реализацијата на идејата на неколкумина боречки ентузијасти да го вратат клубот на старите патеки. Иако се свесни дека целиот тој процес ќе оди многу бавно и многу тешко сепак тие не се откажуваат од намерата да го возобноват најтрофејниот клуб во општината.

Борачите на „Спартак“ ќе учествуваат на сите првенства (пионери, кадети, младинци и сениори) кои во годината што започна ќе  бидат организирани од Федерацијата на Боречки Спортови на Македонија.

Идејата да се направи обид борењето повторно да се врати онаму каде што му е местото во Македонскиот спорт, наиде на одобрување од спортската јавност во „градот на оризот“, но и од другите борачи од Кочани кои настапуваат во други клубови или моментно паузираат.

Така освен Александар Павлев и Иван Викиќ во тековната сезона боите на „Спартак“ ќе ги бранат и Кристијан Петров, Стојанчо Стојчев, Кирчо Дамјанов, Даниел Филипов Столе Ефтимов и Петар Костов.

Иако беа поканети да му помогнат на клубот во овие тешки моменти Иван Јанев (Бучим) и Андреј Наков (Безбедност) не ја прифатија поканата.

Дека во клубот дуваат позитивни ветрови покажува и ангажирањето на нови членови од помладите категории. Уписите на новите членови се вршат во Понеделник, Среда и Петок од 19:00 часот во салата за борење, сместена во склопот на Спортската сала кај СОУ „Љупчо Сантов“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари