Долгогодишниот член на Управниот Одбор, Координатор на младинската школа и тренер на сениорите на „Слога 1934“, на три дена пред новата година е разрешен од сите функции во виничкиот третолигаш.

Се обидовме да стапиме и со него а и со други членови на „Слога 1934“ за причините за разрешувањето, но и од двете страни со различни толкувања, но сепак се сведуваат на едно те исто, политиката.

Едни тврдат дека Ѓорѓиев уште пред предвремените Парламентарни избори како дел од опозицијата се замерил со некои челници во Виница, а тој иако не ги негира тие тврдења сепак посочува дека како потписник на сметката на ФК „Слога 1934“ не знаел всушност што му се работи зад грбот.

Како и да е во време кога „Слога 1934“ се бори за голиот третолигашки живот ваквите случувања не му користат никому освен на противниците кои заедно со нив се борат да го избегнат опасното 14-то место.

С. Ивановски

DSCN2519

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари