Во првиот од серијата подготвителни натпревари денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се сретнаа „Осогово“ и четвртопласираниот тим по есенскиот дел од првенството во Втората Фудбалска Лига, „Еуромилк“ од Скопје.

Во доста изедначен натпревар полн со трчање и голема борбеност гостите успеаја да победат со 1:0 со голот што го постигнаа во 63 минута од натпреварот.

Во првото полувреме се водеше изедначена борба помеѓу двата шеснаесетника. Домаќините и гостите се обидуваа да дојдат до водство, но тежината на нозете и лизгавиот терен им беа најголемиот противник.

Во вториот дел беше решен победникот. Се играше 63’ кога гостите изведоа корнер одбиената топка дојде на работ на казнетиот простор до осамениот Антонио Николовски кој силно биеше и таа заврши во горниот десен агол на немоќниот Данев.

До почетокот на првенството во Третата лига – Исток остануваат уште две седмици, доволно време „жетварите“ кои денес покажаа голема борбеност да дојдат до својата игра. Подготвителните натпревари кои се планирани се убава можност за такво нешто.

Инаку денес на стадионот „Никола Мантов“ се собраа повеќе од педесетина гледачи но во натпревар за време на кој се сменија сите четири годишни времиња и не можеа повеќе да видат од она што им го понудија актерите на средбата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари