ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА

март 27, 2023
1 минути

Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од 28-31 Март (Вторник – Петок) ќе се одржи „Меѓународниот ден на литературата за деца,, другарувањето со книгите ни е песна – фестивал на децата, книгите и музиката“.

Фестивалот започнува официјално во Вторник во 12:00 часот за кога е закажан поздравниот говор и свеченото отворале кое ќе се одржи во „Мултикултурниот Центар“. Потоа следуваа музичка композиција на учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“, а во пресрет на промоцијата на книгата  за деца „Чудесен дар во годишен календар“ ќе се одржи трибина која е посветена на трасирањето на патот на најмладите кон книгата, читањето и писменоста.

Во Среда дружењето започнува во 10:00 часот и ќе трае до 13:00 часот, период во кој ќе има промоција на книги на кои ќе присуствуваат ученици од основните училишта.

Во четврток во „Мултикултурниот центар“ во Кочани од 12:00 – 13:00 часот ќе биде промовирана книгата „откривање на кодот“.

Фестивалот завршува официјално во Петок кога во „Мултикултурниот Центар“ е прогласувањето на наградените ученици од Литературниот конкурс на кое како увертира ќе биде одржана Ликовна работилница, литературна средба , како и посета на работилницата од дечињата од Дневниот центар за лица со телесна и интелектуална попреченост.

С.  Ивановски