По иницијатива на градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, а во соработка со Полициската станица за безбедност во сообраќајот, Детската градинка „Павлина Велјанова“ прими стотина флуоресцентни елеци за децата од предучилишна возраст.

„Елеците ќе ги користиме при реализирање на активностите на отворено, посебно при прошетки, набљудувања, екскурзии, излети. Целта е дечињата да бидат побезбедни учесници во сообраќајот“ соопшти директорката на Детската градинка, Лидија Серафимова.

„Искуството што го имаме и од другите држави и од други градови, сакаме да го примениме и овде. Со овие елечиња децата ќе бидат позабележливи за останатите учесници во сообраќајот, а тие пак ќе добијат знак дека треба да бидат повнимателни. Како донација, станува збор за ситница која има големо значење за сообраќајната едукација на најмладите“ рече градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари