Некои улици во Кочани деновиве повторно почнаа да личат како „Прокарка“ од времето на „Шарената револуција“, со таа разлика што тогаш поради лошата изработка на изведувачот асфалтот се сечеше во различни форми, а сега онаму каде што е ископано наместо асфалт се поставуваат бекатон плочки.

Најинтересни се улиците „Бел Камен“ и „9-ти Мај“ каде и бекатон плочките се поставени реда ради што најмногу го чувствуваат возачите.

Дали засекогаш ќе останат така или пак улиците ќе се поправат според прописите во време на предизборието тоа го знаат само надлежните од Локалната самоуправа, но како и да е улиците со микс од асфалт и бекатон плочки повеќе личат на улици од некое село одошто на улици во град и тоа во 21-виот век.

С. Ивановски

22

23

24

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари