Со сечењето на црвената лента од страна на Градоначалникот на Општина кочани Ратко Димитровски и Претседателот на Советот на Општина Кочани Јордан Димитров, днес и официјално во употреба беше пуштено новото повеќенаменското игралиште, овој пат во населбата „Трајаново трло“.

Игралиштето е изградено на место каде до неодамна беше една од неколкуте диви депонии во Кочани која не само што беше грда слика за овој дел од градот, туку беше и извор на заразни болести.

DSCN9440

Жителите на овој дел од градот игралиштето ќе можат да го користат за мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и за други спортови.

На церемонијата на свеченото пуштање во употреба на новото повеќенаменско игралиште освен голем број на жители од овој потег на градот, присуствуваа и вработени од Локалната самоуправа.

Поучени од некои постари искуства се поставува прашањето колкав ќе биде рокот на ова повеќенаменско игралиште за чија изградба како што беше истакнато се потрошени околу 3.200.000,00 денари.

С. Ивановски

DSCN9419

DSCN9420

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари