Од утре (Сабота) како и што беше најавено стартува новиот сообраќаен режим на улиците во Централното градско подрачје.

Така на улицата „Кеј на револуцијата“ во еден правец ќе се вози од паркинг просторот пред Локалната самоуправа до кружниот тек, додека по улицата „Маршал Тито“ (некои ја прекрстија во ВМРО) во една насока ќе се вози од двојниот мост кај „Воениот отсек“ до мостот кај Хотел „Центар“.

И улицата „Д-р Николиќ“ ќе биде еднонасочна, поточно од „Врвен крст“ ќе се вози кон зградата на КЈП „Водовод“.

Денес се поставуваа знаците кои возачите ќе треба да ги користат од 11.Февруари (Сабота).

С. Ивановски

DSCN9483

DSCN9487

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари