Вечерва завршува зимскиот преоден рок за фудбалери кој кочанскиот третолигаш максимално го искористи.

„Жетварите“ во пролетниот дел на првенството ќе настапат со неколкумина нови играчи, а бидејќи никој не доби исписница тие засилени ќе атакуваат на третото место кое обезбедува настап на една од двете Втори лиги.

Никола Трипуновски, Владимир Мојсовски, Илија Шуманов, Благојчо Коцев потпишаа за „Осогово“ во зимскиот преоден рок, Ефтим Аксентиев ги надмина несогласувањата и повторно е во игра за најдобриот состав. Кога на спомнатите ќе ги додадеме и останатите играчи на „жолто-сините“ кои во есенскиот дел од првенството го изнесоа на плеќи најголемиот „товар“ значи дека ќе се има на располагање квалитетен и моќен состав.

Но, старо правило е дека имињата не играат, туку знаењето, желбата за победа и гордоста што се носе дресот на еден од најстарите клубови во државата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари