Во првиот од трите планирани подготвителни натпревари, денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани екипата на ЖФК „Кочани“ со сигурна игра го совлада традиционално незгодниот „Драгон 2014“ со 2:0 (2:0).

Натпреварот беше решен во првото полувреме кога домаќинките со головите на Анета Горгиева и Верица Ѓеорѓиева остварија сигурно водство кое до крајот на натпреварот успеаја да сочуваат.

По сончево но мошне студено време, девојчињата на тренерот Јовановски покажаа една голема желба за победа. Трчаа, се бореа за секоја топка, создадоа неколку шанси за гол од кои само две беа искористени.

Овој натпревар иако е прв од подготовките покажа дека за време на зимската пауза сериозно се работело и дека „жетварките“ спремни ќе го дочекаат продолжението на првенството.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари