Кога советниците од власта требаше да донесат одлука некои улици во Централното градско подрачје да се претворат во паркиралишта, тие мислеа само да ја остварат желбата на нивниот ментор, но не и за последиците што ќе произлезат од тие паркинг простори.

Најпрвин се обележаа коси „прегради“  за паркирање што ги направи улиците многу тесни, па мораше деновиве да се започне со примената на нов сообраќаен режим токму по тие улици.

Но она што сите го гледаат а се прават слепи може да се види со голо око во деновите кога нема сообраќајна раздвиженост по улиците во центарот на градот.

Она што го забележа нашиот објектив на улицата „Маршал Тито“ (од советниците на власта преименувана во ВМРО) е грдата слика на центарот на Кочани.

Од поголемото време поминато на едно место (паркирани) од дел од хаварисаните возила истекува моторно масло што создава една непријатна глетка на асфалтот.

Со обезбедувањето на поголем простор за паркирање по улиците во центарот на градот се обезбедија повеќе средства за задоволување на одредени потреби преку општинскиот буџет, но тоа „задоволство“ има преголема цена, се уништија асфалтираните улици во централното градско подрачје, кои нема средство со кое ќе можат да се исчистат.

Граѓаните сето тоа го гледаат, но воопшто тоа не ги заморува ниту пак му придаваат некаква важност бидејќи за поголемиот дел од нив кои размислуваат онака како што сакаат нивните претпоставени ваквото валкање на градот е нормална работа.

Како ќе реагираат тие, доколку сега се измисли некоја нова давачка за граѓаните за да сето тоа се исчисти и градот да го добие повторно оној сјај кој своевремено го вбројуваше во еден од најчистите градови во државата, може само да се претпостави, но знаејќи како до сега размислуваа лесно и тогаш ќе бидат изманипулирани.

С. Ивановски

DSCN9660

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари