ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ, ОДРЖА КОНЦЕРТ „88 КЛАВИШИ НА ПИЈАНОТО“

март 30, 2023
1 минути

Уште едно  прекрасно дружење со  младите музичари од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани, уште еден прекрасно организиран концерт од младите музичари на училиштето. Овој пат. На 88 ден во годината за 88 клавиши на пијаното, младите ученици – пијанисти од ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани во просториите на училиштето одржаа незаборавен концерт.

Дека се беше на највисоко ниво зборува коментарот на страната на училиштето на кој меѓу другото стои пораката: „88 пати браво за Вас младите пијанисти:  Јане, Анастасиа, Марија, Теодора, Владимир, Маша, за Ана, Вера, Марко, Јован, Бјанка, Макарија, за Ана, Илијана, Јован, Јана, Матеја, Никола,  како и за Вашите посветени наставници  Елизабета, Драгана, Марија, Дејан, Душан, Стефан.

Уште еден голем плус за учениците и наставниот кадар на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, училиште со кое веруваме дека се гордее секој граѓанин на Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ