Најмладиот Џудо Клуб во државата  „Гладијатор“ од Кочани со несмалена жестина продолжува со своите активности.

За време на викендот ЏК „Гладијатор“ и ЏК „Полици“ од Приштина (Косово) се збратимија, а специјален гостин по тој повод беше тренерот по џудо Антон Цана мајстор 5 дан.

Присуството на Цана беше максимално искористено бидејќи и двата збратимени клуба под негово водство одржаа четири тренинга во салата на ОУ „Малина Попиванова“.

22

Инаку  збратимениот клуб „Полици“ е доста познат во џудо кулоарите бидејќи во него членуваат голем број на освојувачи на медали од повеќе големи натпреварувања а секако најголемиот освоен медал е златниот медал кој на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро (Бразил) го освои нивната натпреварувачка Мајлинда Келменди во категоријата до 52 килограми.

Збратимувањето на двата клуба беше искористено и за постигнување на договор да нивната натпреварувачка Резарта во иднина ги брани  боите на „Гладијатор“.

Во пролетниот дел продолжуваат предизвиците за натпреварувачите на „Гладијатор“. Тие веќе договорија учество на два големи меѓународни турнири, во март во Словачка и во мај во Албанија.

С. Ивановски

23

24

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари