Долги колони на возила, нервозни минувачи, уште понервозни возачи, беше денешната слика на двете најголеми сообраќајници во Централното градско подрачје на Кочани.

Новиот сообраќаен режим кој почна да се применува по овие улици од 11 Февруари (Сабота) се покажа како голема грешка на оние кои ја реализираа ваквата идеја на поединци.

Уште поголема грешка се направи кај некогашниот кружен тек, кој од денес го носи името полукружен кога во негова близина на асфалтираната улица се поставија пластични столбови за да се спречи сообраќајот од улицата „Тодосија Паунов“ по „Кеј на Револуцијата“.

На овој потег денес Кочани беше во тотален сообраќаен хаос. Возачите чекаа по 5 до 10 минути за да се вклучат на улицата која води кон паралелните мостови.

Граѓаните видно револтирани со право се прашуваа, дали оние од Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот се компетентни за донесување на одлуки од ваков карактер или истите се препратени од „Македонски шуми“ во разни организации се со цел нешто барем да работат.

Што и да е, како и да е, ова денес што му се случи на Кочани во сообраќајот е за секоја критика.

А се започна со идејата улиците наместо да си бидат двонасочни истите да се преименуваат во паркиралишта за да се обезбедат средства за плати за преку ред вработени „тркачи“.

С. Ивановски

DSCN9692

DSCN9698

DSCN9711DSCN9721

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари