Членови на младинската организација на „Црвен Крст“ од Кочани денес беа раздвижени по улиците на Кочани каде на минувачите во чест на двата празника им подаруваа колачи кои симболизираат мир и љубов а во кои се наоѓаше и по една мошне убава порака.

Освен низ улиците, младите од „Црвен Крст“ ја посетија и Библиотека „Искра“ во моментот кога се одржуваше рецитал во чест на двата празника и на посетителите а и на дел од вработените им подарија од она што за оваа пригода го имаа подготвено.

DSCN9747

Мошне впечатлив белег оставија и членовите од младинската организација „Авангарда“ при СОУ „Гошо Виќентиев“.

Тие со маски на лицата и под мотото „Не е грев да се опиеш од љубов“ прошетаа низ улиците на градот за да на крајот им се придружат на своите соученици кои имаа поставено штанд на платото во Градскиот Трговски Центар.

Идејата и реализацијата н двете организации е за поздравување.

С. Ивановски

DSCN9736

DSCN9742

DSCN9744

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари