НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против Р.И. (43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 28.11.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената при што биле пронајдени 1.688 броја на распрскувачки материи наменети за забави и свечености-комерцијални пиротехнички средства од повеќе видови, наменети за создавање на карактеристични звучни и светлосни ефекти.

Од преземени мерки било утврдено дека пријавената на 27.11.2016 година неовластено набавила поголема количина пиротехнички средства-петарди за 2000 денари, кои имала намера да ги продаде во Кочани и истите неовластено ги држела во сопствениот дом.

Извор: МВР – Дневни билтени

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари