ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОСОГОВО“ ГОСТУВА ВО ЧЕШИНОВО

Во Спорт
март 31, 2023
1 минути

Во недела со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од 16-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

На програмата се неколку интересни натпревари а вниманието на љубителите во Кочани го привлекува гостувањето на „Осогово“ во Чешиново. Есеноска во Кочани „академците“ прикажаа добра игра, водеа на неколку минути до кракот на средбата, но сепак во самиот финиш примија два погодока и го загубија натпреварот.

Во Делчево патуваат „рударите“ од Пробиштип, а во Дојран славеникот на еден век постоење, Тиверија.

Во Свети Николе вториот на табелата го пречекува Карбинциа во Градско Балдовци патуваат богданчани.

Двојки за 16-тото коло:

„Академија Чешиново-Облешево“ – „Осогово“

„Брегалница сениори“ – „Рудар“

„Овче Поле“ – „Карбинци“

„Спартмани“ – „Вардарски“

„Дојранско Езеро“ – „Тиверија“

Слободна е екипата на „Малеш“

С.  Ивановски