Р Е А К Ц И Ј А

на прес-конференцијата на ОО на СДСМ – Кочани, одржана на 16 февруари 2017 г.

Почитувани,

Очигледно е дека пишувачот на текстот не го познава финансиското работење во Република Македонија. Затоа не му е познато дека Кочани спаѓа во малку задолжените општини во споредба со многу други општини и не постои никаква пречка за нејзиното финансиско работење.

Очигледно е и дека тој не прошетал низ градот за да ги види придобивките со новоасфалтираните улици, тротоарите, потпорните ѕидови и поставените заштитни огради. Тој не ги забележал ни влезовите во Кочани, Оризари, Тркање, Гратче и кон Дабот во селото Бели.

Според тоа што го зборува, навечер не го погледнал ни уличното осветлување.

Не прошетал ни по новиот пат кон браната Речани, не минал во Ромското Маало и не ја посетил Пониква за да може да согледа што е направено во последниве четири години.

Очигледно, не му е познато дека не се асфалтира во зима, а не знае и дека улицата „Стево Теодосиевски“ е прекопана поради поставената нова водоводна линија.

Моето работење е видливо на секој чекор и за моето работење одговарам пред граѓаните на Кочани и пред идните генерации. Како градоначалник на Општината, немам намера да се впуштам во полемика со неинформирани, туку ги вршам работите во интерес на граѓаните.

Градоначалник на Општина Кочани

Ратко Димитровски

Кочани, 16.2.2017 г.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари