Три генерации од екипата на „Фудбал Старс“ од Кочани 2001, 2005 и 2006 година од 17 до 21 Февруари ќе учествуваат на меѓународниот фудбалски турнир „Сандански 2017“ што ќе се одржи во Сандански (Бугарија).

Во генерацијата 2001 година заедно со екипата од Кочани во групата се уште и екипите на: Вихрен (Сандански), Септември (Софија), ДИТ (Софија), Мечињата (Петрич), Ботев (Софија) и Пирин (Благоевград).

Во генерацијата 2005 за победник на турнирот освен „Фудбал Старс“ ќе се борат и: Мињор (Перник), Мечињата (Петрич) Софија спорт (Софија), Ботев (Враца), Левски (Паталешица), Локомотив (Софија) и Вихрен (Сандански).

А екипите на Фудбал Старс (Кочани), Јанг Бојс (Неготино), Борец (Велес), Черноморец (Бургаз), Мињор (Перник) и Софија спорт (Софија) се најдоа во генерацијата 2006.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари