Фотографијата приложена во текстот ни ја испрати наш сограѓанин, учесник во сообраќајот кој како што истакнува е загрижен и за своето возило и за останатите учесници во градскиот сообраќај.

Кај крстосницата „Два другара“ во правец на паралелните мостови веќе три дена стои оштетена една од неколкуте поставени решетки на коловозот.

Бидејќи таа е поставена до самиот свијок на крстосницата, а учесниците во сообраќајот подолго време чекаат да се вклучат на една од двете коловозни ленти, не ја ни гледаат па честопати удираат во вдлабнатината и ги оштетуваат возилата.

Кога веќе моќниците од Локалната самоуправа издејствуваа граѓаните на Кочани да плаќаат паркинг простор на улиците кои со нивни пари се правени, кога издејствуваа еднонасочен сообраќај на неколку улици во Централното градско подрачје, крајно време е да почнат да ги ангажираат оние за кои собираат финансиски средства од паркирањето да почнат да ги нотираат и ваквите појави во градот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари