Штотуку добивме информација дека на „Пониква“ од доцните вечерни часови непрекинато врне снег.

Досега се измерени околу десетина сантиметри нов снег кој ѝ дава посебен белег на оваа туристичка локација.

Екипа на „Македонија пат“ веќе го има расчистено патот и тој е прооден, па заинтересираните за зимските спортови и за планинскиот туризам можат без никакви проблеми да ја посетат „Пониква“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари