Фудбалските екипи од Кочани продолжуваат со одигрување на контролни натпревари пред почетокот на пролетниот дел од фудбалската сезона.

Во саботата во Неготино „Осогово“ му гостуваше на второлигашот „Вардар“ и во интересен натпревар одигра 1:1. Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрвин домаќините поведоа со голот на Чаушев, а на 1:1 израмни Тодоров.

Денес (Недела) по дождливо време и по лизгав терен „Осогово“ ја пречека „Кежовица“ и победи со 6:1. За време на целиот натпревар врнеше дожд што им ја отежнуваше работата на играчите. Кочанчани настапија во изменет состав откако некои поединци добија ден пауза по натпреварот во Неготино. Головите за „жетварите“ на овој натпревар ги постигнаа: Манов (3) Стојков (пенал), Гаврилов и Јорданов по 1.

Веднаш по натпреварот „Осогово“ – „Ќежовица“ се одигра и натпревар во женска конкуренција. „Кочани“ ја совлада екипата на „Речица“ со 6:2 (2:0) со головите на Анета Горгиева (3), Верица Ѓеорѓиева (2) и Деспина Иванова (1).

С. Ивановски

P3710707

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари